Албанскиот премиер Еди Рама на Преспа форумот обракајќи се на присутните европски претставници порача: „Ако не земете вие, други ќе не земат“.

Тој си дозволи да направи споредба со анегдотата кога младоженец и вели на својата идна невеста – ако не се омажиш за мене има едни кучки коишто ќе ме земат.

Рама истакна дека сега не би сакал да вели дека Македонија и Албанија се фрустрирани и депресивни, „напротив ние сме супер“, рече тој порачувајќи дека има едно место каде е главната забава, а тоа Западниот Балкан.

Александар Шаленберг, министерот за надворешни работи на Австрија, кој говореше вдаш после Еди Рама, рече дека за земјите од Западниот Балкан има место во ЕУ но, не треба да се опуштаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.