Утврдени се 10 нови случаи позитивни на вирусот Ковид-19 од направени вкупно 198 тестови, објави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Новите случаи се од Скопје – 6, Куманово – 2, и по еден пациент од Прилеп и Велес.
Како што кажа тој, оздравени се 5 пациенти, а еден пациент починал. Станува збор за 60-годишен пациент од Делчево кој имал малигни заболувања.
Досега од Ковид-19 во Македонија вкупно се заразени 1,674, оздравени се 1.205, а починати 92. Во моментов има 377 активни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.