Во Прилеп во последните 24 часа се регистирани 11 нови случаи заразени од Ковид-19, едно лице е починато. Две лица се заразени во соседната општина Долнени.
Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека од почетокот на месец август досега има нови 92 случаи на Ковид-19.
Триесет и еден отсто од новозаразените се на возраст од 20 до 39 години. Има голем број на асимтопатски случаи кои го пренесуваат висурот кај повозрасните. Дваесет и две новозразени лица се на возраст од над 60 години. Имаме детектирано осум активни кластери со 52 заболени лица, кои сите се на домашно лекување. Моментно во болница на лекување се 14 лица. Починатиот е на 81 година и со претходни болести – вели епидемиологот Татјана Станимировиќ од ЦЈЗ Прилеп, посочувајќи дека заразувањето се должи на семејни собири, а пак некои од заразените случајно се откриваат при тестирање заради патување.
Вкупната бројка на заразени во Прилеп од почетокот на вирусот е 425.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.