Епидемиолошката состојба со Ковид-19 на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна, оценува Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Во Ковид центарот при инфективното одделение во нашата болница моментно имаме само еден пациент на болнички третман. Станува збор за повозрасна жена од општина Центар Жупа, која е на повремена кислородна поддршка. Ова е најмала бројка до сега од отворањето на центарот, во почетокот на ноември минатата година. Оптимист сум дека веќе го гледаме светлото на тунелот, но сепак, моја порака е дека треба да бидеме внимателни – вели Алили за МИА.
Тој додава дека и покрај сите напори на здравствениот персонал, во Ковид центарот, како последица од вирусот, починал жител на општина Центар Жупа.
Од почетокот на пандемијата, кога ова подрачје беше прво жариште на болеста, регистрирани се 939 случаи со Ковид-19, починале 43, додека активни на болеста се шест лица.
На подрачјето на двете општини во измнатите четири дена нема нов случај, додека овој месец вирусот е потврден кај девет лица, наспроти минатот месец кога од први до 24 април биле регистрани 68 нови случаи.
Доктор Алили на МИА потврдува дека непречено се одвива и процесот на имунизација, со кој до сега се опфатени околу илјада жители од двете општин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.