Oткако Алтернатива и официјално најави дека станува дел од власта и со тоа владејачкото мнозинство брои повеќе од 61 пратеник. Колку точно изнесува никој не може да каже бидејќи откако лидерот на Беса Касами стана градоначалник на Тетово,партијата изгуби еден пратеник, а згора на тоа „киднапираниот“ Кастриот Реџепи и самиот не знае каде припаѓа.

Но, првите пробелми во „рајот“ веќе почнаа. Сега незадолни од тоа колку министерски и директорски места доби Алтернатива се ЛДП и ДОМ.Овие две партии  веќе подолго се однесуваат како опозиција на власта. На локалните избори беа во коалиција но секогаш кога треба да се бранат политиките на Заев тие се тука да му дадат поддршка.

Тројцата пратеници на ДОМ и ЛДП не се појавија да гласаат за недовреба на владата и со тоа уште еднаш ја покажаа лојалноста кон желбата да бидат во власта.

Со реакција се јави Горан Милевски кој вели дека ќе очекува средба со Заев на која што ќе го информира за договорот што го постигнале со Алтернатива по што ќе одлучат дали ќе останат дел од владата.

Oстанува да се види дали ќе останат на зборот или Заев пак ќе ги „купи“ со неколку директорски и места во управни одбори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.