Од утре се става во функција капацитетот на Заводот за физикална медицина и терапија во Козле, каде опремен е еден кат со довод на кислород, рече министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава.

Има доволно болнички места, нема потреба од паника, но сите треба да придонесеме. Во моментот имаме 100 слободни легла. За сите нови капацитети што ги оспособуваме имаме и кадар, интернисти, од самата болница која се оспособува и во Скопје и надвор од главниот град – рече Филипче.

Појаснува дека секој капацитет што се оспособува за прием на ковид-болни, опремена е со потребната апаратура, но обезбеден е и медицински кадар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.