„Има само еден човек кој што со леснотија ја користи придавката „северна“. На сите други им е тешко да ја користат таа придавка. И тој човек со име и со презиме се вика Зоран Заев“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „360 степени“.
Тој посочи дека поради склучување на овој капитулантски договор се чувствуваат обесправени и предадени. Зоран Заев, вели Мицкоски, буквално го предаде македонскиот народ, македонскиот идентитет.
„Јас не сакам во ниту еден момент да си ја потценам својата земја, за мене мојата земја се нарекува и ќе се нарекува Република Македонија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски рече дека Заев со еден договор не може да ги натера граѓаните да не си ја нарекуваат својата земја Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.