Утре на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини. Аналитичарот Ивор Мицковски коментира дека Заев паѓа во замката на пропагандата и величањето на Вучиќ и митот за неговата вакцина.

Александар Вучиќ и Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на донацијата на вакцини.
Е Зоки бе не знаеш кај тераш.
Паѓаш во замката на пропагандата и величањето на Вучиќ и митот за неговата вакцина.
Ама толку ти сече, откако предизвикавте тотален дебакл и седевте со скрстени раце чекајќи вакцините од небо да ви паднат.

Уствари сфаќам и дека ви одговара и ќе ви одговара ова бавно вртење кон Истокот и Србија.
Блокирани од Бугарија за ЕУ до којзнае кога, со ЕУ кое доживеа фијаско со вакцини, сега и вие ќе играте ко Вучиќ на сите страни, демек разочарани од Западот.

Притоа не ви смета бламажата што како некоја вазалска провинција, од соседот – кој не ти мисли ништо најдобро, напротив до скоро отворено работеше против тебе и нас сите – да примате нивни подароци или вишоци, да се бламирате со Филипче во Софија, така директно нанесувајќи штета на прозападната и проевропска, па и нашата национална кауза.
Тоа е однос на некој којшто нема своја агенда, туку мисли како да биде сервилен на секоја страна, со секој поголем играч, се додека тоа носи некакви поени дома. Не што носи решенија и напредок за земјата и народот, туку само за власта.

Од што многу се лигавевте и чекавте од Западот, сега ќе се лигавите каде ќе стигнете.
Си верувате и дека новооткриената блискост со Србија ќе ви донесе некаков левериџ кон Бугарија, кога во реалноста, само ќе те направи заглавен во две балкански касаби, наместо да си заглавен во една европска проблематика.
Какво мизерно шоу.

Александар Вучиќ и Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на донацијата на вакцини.
Е Зоки бе не знаеш кај тераш….

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 10 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.