Обраснати и затскриени сообраќајни знаци и патокази. Крај македонските патишта има вистинска џунгла која го отежнува одвивањето на сообраќајот. Загрижени возачи реагираат дека неискосената трева го зголемува ризикот од несреќи.
„Алфа“ на терен директно ја провери состојбата – почнувајќи од скопската обиколница па се до влезот на Тетово.
Надлежните си ја префрлаат одговорноста. „Македонија пат“ велат дека тие не биле надлежни и не знаеле за што станува збор, па не пренасочија во Македонија Пат, Придружница Скопје. Од таму велат дека ни тие не биле надлежни. На прашањата не одговориле ниту од Јавното претпријатие за државни патишта.
Анализите на германската асоцијација за безбедност на сообраќајот ЕЈ ДИ ЕЈ СИ, направена пред повеќе од три години, покажува дека неискосените површини со трева или џбунови повисоки од 40 см, ја золемуваат веројатноста за сообраќајни несреќи на двонасочните патишта со 2 или 3 ленти за дури 30 до 40 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.