Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.
Граѓаните кои од било која причина се уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: infodszi@zdravstvo.gov.mk, со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење, објави ДСЗИ.
ДСЗИ вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на Ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на Ковид -19 и на 518 нивни контакти.
Граѓаните кои од било која причина се уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса:…
Posted by DSZI info on Thursday, 5 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.