Владата на вечерашната седница донесе Одлука да и дозволи на Дирекцијата за заштита и спасување, доколку постои потреба за акциите за гаснење на пожарите, без надомест да употреби 50.000 литри течно вештачко гориво керозин од ресурсите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Како што соопшти владината Прес-служба, Одлуката е донесена врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека министерствата за одбрана и за внатрешни работи располагаат со доволна количества на керозин.

– На седницата, на покана на премиерот, присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој информираше за сите актуелни и локализирани пожари одделно, на целата територија на Република Македонија, при што беше истакнато дека ситуацијата на поголемиот дел се стабилизира и беше искажана огромна благодарност за несебичната помош од локалното население, припадниците на државните органи и помошта од повеќе пријателски земји, се додава во соопштението од владината седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.