Доколку се сетат зошто победија 2017-та, ќе им е појасно зошто сега изгубија, коментира музичарот Џон Илија Апелгрин по вчерашниот пораз на СДСМ на локалните избори.
За да победи СДСМ треба да гласа цело нивно членство (вклучувајќи ги и сопствените маргинализирани членови) и заинтересирани непартиски гласачи (шарени, глупи, неутрални), додека ВМРО има константни гласачи на кои може да се потпре без разлика колку засрале.
Во меѓувреме срамежливо растат Левица.
Сега можеби ќе имате уште барем 8 години опозиција, ароганцијата некако да ја искорените. Не дека не бевте предупредени, но попусто, бидејќи уште веднаш денес заклучокот ви е дека народот е крив и вратил фашизам/режим…не бе дечки, вие ги вративте со секој договор со Мукоски, Боки 13, Рашковски, застарени предмети, азилант во унгарија, шпиуни избегани во Грција, шверц на дрога од џандари, шверц на криминалци со дипломатски пасоши, издавање пасоши на главните светски мафиози, целосно економско уништување на независните културни работници, изостана 1 евро да вратите од парите кои претходните ги украле, еден споменик дислоциравте, прибравте прогресивни ВМРОвци за советници и им плукнавте на шарените, глупите и неутралните во лице, истовремено удобно згрижени од сопствениот ПР, вели Апелгрин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.