Дали протоколите важат и за членовите на комисијата, прашува музичарот Џон Илија Апелгрин споделувајќи фотографија од др. Виктор Исјановски, новиот директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести, која самиот ја споделил на „Инстаграм“, а е направена на концертот на Сергеј Четковиќ во скопскиот бар „Мош“.
Господинот на фотографијата е членот на комисијата која одлучува да се забранат настапи на музичари низ угостителски објекти. Дали мерките се донесени откако омилениот пејач на дотичниов гостувал, а за домашните дека имаат потреба од настани: „според епидемиолошката слика не е време сега“? Дали протоколите важат и за членовите на комисијата?, пишува Апелгрин.
За потсетување, токму за овој концерт, меѓудругите, „Мош“ заработи кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.