Џеват Исени, функционер и ветеран на СДСМ, како што самиот се декларира, објави дека на претседателските избори незадоволен од работата на генералниот секретар и шеф на изборниот шатаб, Александар Кирацовски, работел за кампањата на Блерим Река.
Со заедничка фотографија, тој му се обрати на раководството на СДСМ.
Сега може да ме разрешите, ама кажав и јавно се произнесов дека со погрешната политика на г-динот Кирацоски, кој е генерален секретар на партијата во која долго време вложував и со целиот мој труд придонесов за да се урне режим и диктатура, заедно и со овие луѓе се боревме да дојде живот во РСМ. На неколку средби и разговори во седиштето на СДСМ на одредени функционери им дадов до знаење дека на погрешна страна го водат орото. Наспроти тоа што лидерот на СДСМ го информираа и го напојуваа со лажни информации и го тапкаа по рамо, никогаш нема да ја погазам неговата заслуга на меѓународно поле и успех за надворешната политика.
Меѓутоа, конечно дојде време да кажам дека јавно се спротивставував и критикував одредени функционери во раководството на СДСМ, кои секојдневно плачеа и кукаа зошто сум ги критикувал, бараа мое разрешување, но јас само едно барав – професионален и соодветен кадар и заштита на мојот народ и граѓаните на Република Македонија, зошто препораката на лидерот од првиот ден беше таа, вели Исени.
Тој вели дека албанското гласачко тело верувало во него, а очекувал дека Кирацовски ќе има слух и разбирање да посвети внимание на нивната застапеност во вработувањето, исто така го предупредувал и во однос на македонскиот (не)квалитетен кадар и слично.
Вели дека на секоја негова забелешка Кирацовски му се обраќал со зборовите: Обрати се кај Зоран Заев и кај Оливер Спасовски зашто за тебе тие одлучуваат.
Јас не барав ништо за мене, барав воопшто за сите граѓани на државата, а сега да кажам за господата на сликавата, додава Исени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.