Европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи објави видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.

Џамбаски истакнува дека Зоран Заев го заборава тој факт кога е во Скопје, но се присетува на него кога ќе побара нешто од Бугарија.

Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје и на кој се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата – порача Џамбаски на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.