Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, коментира дека изјавата на португалската министерка, Ана Паула Закаријаш, во врска со спорот меѓу Бугарија и Македонија, предизвика бура и паника во Скопје.
Минатата недела државниот секретар за европски прашања Ана Паула Закаријаш повика на почитување на позицијата на Бугарија и посочи на комплексноста на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија поради статусот на македонскиот јазик, кој во Софија официјално се смета за бугарски дијалект.
Ова е тешко прашање, особено за Бугарија, тоа е поврзано со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Македонија преживеа многу тешки преговори со Грција – и тоа, запомнете, доведе до промена на името на земјата. Тоа е многу тешко затоа што е поврзано со Бугарија од аспект на културата и јазикот. Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој порано беше дел од бугарскиот и дел од културата на обете земји – изјави Закаријаш.
Додека нејзините зборови предизвикаа негативна реакција во Скопје и се потврдува автентичноста на изјавата, во Бугарија нејзиниот став имаше позитивен одек.
Според Џамбаски, нејзината позиција треба да послужи како пример за оние кои не ја разбираат целосно суштината на спорот.
Токму поради тоа, и Заев и Пендаровски и сите македонски политичари се во паника, единствениот одговор им се несоодветни реакции поврзани со бесмислена проверка на точноста на изјавата. Тотална немоќ – вели бугарскиот европратеник.
Да потсетиме, пред две недели ЕУ повторно донесе одлука да не ги отвора преговорите со Албанија и Македонија, поради блокадата што Бугарија и ја постави на нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.