Браво Зоранe, одлично Заев! Станувате се повеќе политички агилни во вашите изјави за Бугарија!
Ова го порачува бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на премиерот Зоран Заев, во порака на Фејсбук, по изјавите на Заев дека ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор во учебниците во Македонија.
Браво, Зоран, одлично, Заев! Станувате се повеќе политички агилни во вашите изјави за Бугарија. Но, некако ми звучи како купопродажна зделка, во стилот на Тито. Немало да се променат учебниците по историја туку само „бугарскиот фашистички окупатор“ ќе се раздели со неговиот етнички тон. Генијално, Зоран Заев, ова ги решава сите проблеми на вашиот образовен систем! Нека останат вашите фалсификати, кражби на историјата. Наместо фашистички окупатори, вашите деца ќе учат за Бугарите дека тие се Монгол-Татари. Фер е, нема збор – пишува Џамбаски.
Бугарскиот европратеник натаму иронично забележува дека со исчезнувањето на зборот „бугарски“ ќе се решеле сите проблеми и дека е време да се побара нешто за возврат.
Сега Бугарија ќе мора сериозно да ги промени учебниците, бидејќи, гледате, во нив забележавте „одредени слабости“. И ние знаеме дека историската вистина е најголемата „слабост“ за вас и вашата слика. Денес, на Денот на независноста (се мисли на Бугарија), мора да биде многу јасно дека нема да ја смениме нашата историја за да му биде удобно на еден политички шмекер – вели Џамбаски.
На крајот од објавата Џамбаски ја коментира изјавата на Заев дека „ќе има промени и во учебниците во Бугарија“.
Нашата историја не се менува и не се продава затоа што ја зачувува нашата национална чест – му порача Џамбаски на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.