Премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ напиша дека по повод 4 февруари, денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
На овој негов статус реагираше неговиот пријател, бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски:
Зоран Заев, јавно ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот устав на организација е Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, самиот себе се определил како бугарски учител, бугарски…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.