Премиерот Зоран Заев во текот на денот треба да оствари средба со Талат Џафери и Али Ахмети на која ќе се разговара за блокадата на Собранието.

Џафери на брифингот со новинарите, рече дека за денеска не може да свика нова седница затоа што има пратенички прашања. За да се одржи посебна седница, Владата треба да достави нови материјали. Со ВМРО – ДПМНЕ тој и натаму не сака да се сретне затоа што не сака да разговара за ултимативни прашања.

Во однос на најавата на премиерот за вонредна состојба Џафери рече дека тоа во овој момент не треба да се размислува за тоа бидејќи таа не може да се реализира од причини што за нејзино прогласување потребно е 2/3 мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.