Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери гласаше во селото Форино со неговата сопруга. Пред да дојде на избирачкото место, се информирал и го проверил избирачкиот список за да види дали е запишан, бидејќи, како што рече, за референдумското изјаснување го немало.
Значењето од излегување на избори и од аспект да се биде избран и да се избира е една од темелните вредности и е право кое секој граѓанин треба да го искористи. Овие избори обезбедуваат една од функциите во државата и ја обезбедуваат функционалноста на државата со што треба да се обезбеди стабилност во политичкиот живот во земјава. Воедно посакувам изборите и целиот процес да течат мирно и како што започна утрово, така и да заврши. На кандидатите им посакувам среќа и на оној кој ќе добие мнозинство, рече Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.