Џафери за денеска нема да свика друга седница, а за понудата на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека не прифаќа ултиматуми.

Џафери, како што информира, за денеска нема да свика друга седница, бидејќи како што рече на брифингот, веќе е закажана седницата за пратенички прашања, која се одржува секој последен четврток во месецот.

Средбата со Заев и Ахмети се уште не е одржана, а како што кажа Џафери за нејзината содржина јавноста ќе биде дополнително информирана.

Џафери на брифингот кажа дека негова деловничка обврска е да се сретне со премиерот, а за средбата со опозицијата истакна дека не прифаќа средби со ултиматуми. Појасни дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го дал истиот ултиматум, кој го дал и координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски во понеделникот, кога тој ги одложи на неодредено време пленарните седници, додека мнозинството не обезбеди кворум.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара посебна седница за антикризните закони и одлуката за продолжување на кризната состојба на северната и јужната граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.