Талат Џафери вели дека било кој друг начин, освен по избори, за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој ова вечерва го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.
-На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието, вели собранискиот спикер.
Тој ја објасни иницијативата за одново свикување на Собранието, после иницијативата на СДСМ, но одговори дека тоа не е можно.
-Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот, коментираше Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.