Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска, традиционално донираше некондиторски пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, додека во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ и Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“, донираше нагледни средства за успешна реализација на наставните програми согласно потребите на учениците.

Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, следејќи ги и почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, Џафери не присуствувал лично на предавањето на донацијата и испратил честитка со желби за здравје, успех и напредок во Новата Година 2022 за децата, вработените и за нивните семејства.

Со цел сведување на минимум на употребата на хартија во Парламентот, претседателот на Собранието годинава, упати електронски честитки до амбасадорите акредитирани во земјава по повод новогодишните празници.

 

Оваа година, претседателот Џафери испрати електронска честитка до амбасадорите на странските земји во Република Македонија, до пратениците и службениците во Собранието, потврдувајќи ја и со овој чин посветеноста и заложбата за сведување на употребата на хартија во Собранието во 2022 година само на неопходниот минимум – стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.