Досегашниот претседател на Собранието и претседавач со конститутивната седница на новиот собраниски состав, Талат Џафери, во изјава за ТВ21 истакнува дека засега нема план за тоа кога ќе свика продолжување на седницата.

Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови – вели Џафери.

Тој вчера преку објава на Фејсбук ја одложи конститутивната седница, наведувајќи дека му се родил внук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.