Во полупразна сала претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја продолжи седницата за избор на влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа министрите да дојдат на седницата за да ги слушнат забелешките и пофалбите.

Со неколку минутно задоцнување во салата влезе мандатарот Зоран Заев, а по него и неколку министри.

Пратениците кои бараат точност добро е да ги почитуваат нивните барања. Истото бажи и за продолжување на седницата. Ако одморот беше до 15 и 15 часот почитуваните господа треба да бидат конзистентни во барањата, координаторите да обезбедат кворум и услови за донесување на одлуки. Уште еднаш ќе ви повторам дека јас не сум лут и нервозен, но не сум и вреќа за удирање, па на мене да си го лечите стресот, рече Џафери.

За доцнењето денеска му забележа и  пратеничката Гордана Силјановска оти седницата започна со 40-на минути задоцнување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.