Претседателот на Собранитето Талат Џафери во лично име и од име на пратениците во парламетот, до сите православни верници упати честитка по повод празникот Св. Климент Охридски.

Во честитката Џафери истакнува дека 8 декември е празник во чест на основоположникот на црковниот живот во Македонија и ученик на светите браќа Кирил и Методиј.

Неговиот лик и дело кој е еден од најзначајните за развојот на духовниот живот на Република Македонија е запаметен и како покровител на образованието и јазикот. Со неговото празнување се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието кои се значајни за секој народ и треба да се негуваат и развиваат затоа што тоа е додадена вредност за самиот народ, меѓутоа и богатство за светот воопшто –  вели Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.