Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Ви посакувам денешниот ден да го поминете во убава атмосфера, опкружени со вашите блиски. Овој државен празник кој споменува дел од историјата на Република Македонија во нејзиниот вековен стремеж за ослободување и самостојност, нека не потсети на секојдневните битки кои ги водиме за градење на силна и успешна држава, држава која на сите ќе им понуди подобар живот и еднакви можности – пишува Џафери во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.