Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, заедно со пратеникот Илија Димовски беа единствените кои гласаа „воздржано“ минатата недела за дополнување на Законот за пратеници, со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата.
Џафери за дебатниот магазин на „Click Plus“ на ТВ21 рече дека кога се стопираше пратеничката плата на Груевски, гласал „воздржано“ бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури.
Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да си ги врати парите и тоа со камата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.