Талат Џафери, претседателот на Собрание на Република Македонија од денеска седниците ќе ги води на албански јазик. Оваа можност ја има со новиот закон за јазиците кој веќе стапи на сила. Во однос на поставувањето на двојазични табли на зградата на Собранието, Џафери рече дека ќе се испочитува рокот од шест месеци, но ќе почека тоа да се спроведе со промената на името на државата, па да не се прават двојни трошоци.
За претседателските избори остануваат веќе договорените датуми за нивно распишување – 8 февруари ќе се распишат, 21 април прв круг, 5 мај втор круг. Џафери вели дека е подготевн ако нема цензус на изборите и не се избере шеф на државата, тој да ја извршува функцијата прв човек на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.