За оставката на премиерот Зоран Заев веќе е известен шефот на државата и пратениците, Владата е во оставка и течат уставните рокови за избор на нова Влада, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Тој оставката на Заев ќе ја констатира пред почетокот на закажаната седница за пратенички прашања. Пратенички прашања нема да има вели Џафери.
Каква придобивка ќе има од таква седница кога Владата е во оставка. Таа технички ги извршува должностите, но само технички. Нема законска одредба која го спречува одржувањето на седницата, но има воспоставена пракса за влада во оставка да нема пратенички прашања. Исто како што нема седници пред изборна кампања пред локални избори не затоа што така вика некој закон туку зстоа што тоа е пракса, рече Џафери на брифингот со новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.