Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“.

-Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На било кој јазик да зборував јас го претставував Собранието на Македонија во најдбро можно светло – изјави Џафери на ТВ 24.

Тој тврди дека Уставот е флексибилен и не попречува и ограничува користење на природно право, како што, според него, е и користење на мајчиниот јазик на меѓународно ниво.

-Јас таму го претставував собранието и државата – рече Џафери, додавајќи дека неговото право е да го користи јазикот што го знае најдобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.