Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција информираше за последните активности и постапки на Собранието за кои, како што нагласи верува дека се сите запознаени, но сакал и официјално да каже дека во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања дека потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.
За овие Укази, односно за Указот за Законот за употреба на јазици и Указ за Законот за ратификација на Преспанскиот договор, Џафери нагласи дека стапуваат на сила откако се објавени во Службен весник.
И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна, изјави Џафери.
На прашање на медиумите дали чувствува одговорност и дали го прекршил Уставот оти ги потпишал двата Укази и ги испратил во Службен весник, собранискиот спикер рече:
Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска, рече Џафери.
Претседателот на Собранието нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и не смета дека прекршил нешто.
Џафери дополни дека смета оти претседателот Иванов ги помешал лонците на крајот на својот мандат и дека законодавната власт е таа што може да побара одговорност од претседателот, а не обратно.
Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на македонски и на албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.