Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува до 8 јуни на дневен ред на да се најде барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда, Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.
Џафери на брифинг со новинарите, информира дека до крајот на овој месец се очекува ребалансот на Буџетот да стигне во Собрание.
Деновите кога ќе се разгледува ребалансот на Буџетот во Комисијата за финансирање и буџет, тие 10 дена Собранието нема да заседава – информира Џафери.
Во однос на тоа дали има најави за блокада од страна на опозицијата, Џафери посочи дека не може да се раководи од претпоставки. Засега, вели, нема таква најава, но не го исклучува тоа како можност.
Прашан кој е неговиот став околу изборот на моделот за изборни единици, Џафери вели дека една изборна единица е несоодветен модел за карактеристиките на нашето општество и држава. Според него, идеален модел нема, но, моделот за шест изборни единици, како што вели, е најоптимален.
За Законот за бесправно изградени објекти, Џафери вели дека е должен во рок од 30 дена да го врати на повторно разгледување во Собранието.
На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред – информира Џафери.
Тој информира дека имајќи предвид оти пратениците и службите во Собранието се вакцинирани и со втора доза, плановите се од наредната седница да бидат во редовната сала, Сала 1.
Џафери додава за такво нешто ќе претходи мислење и оценка од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Таа сала би се отворила и за новинарите, но се зависи од тоа кој ќе биде ставот на државната здравствена комисија – вели Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.