Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не гледа проблем во врска со гласањето на буџетот.

Џафери напомена дека на 15-ти ноември почнува Комисијата за финансии и буџет, а на 26-ти ноември се дебатира на пленарна седница.

Потоа, буџетот се враќа на разгледување во Влада. На 1-ви декември повторно се разгледува на пленарна седница, а до 5-ти декември до 24 часот ќе се изгласа буџетот – појасни Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.