Претседателот на Собранието, Талат Џафери објасни дека седницата за одземање на мандатот на Трајко Вељаноски ја прекинал зошто пратениците од мнозинството, а особено пратеникот Мухамед Зекири го нарушиле редот во Собранието како и заради тоа што истекол рокот во кој требаше да се донесе одлуката вчера на полноќ. Заради истечениот рок Џафери нема да закаже продолжение од седницата односно ќе го извести судот дека не е донесена одлука.
Тоа значи дека за Вељаноски судот може да ја води постапката, но тој дефинитивно се спаси од притвор.
Талат не е избран за претседател со ничија жртва, туки тој е дел од жртва, рече Џафери зборувајќи за себе во трето лице. Тој рече и дека ако некој направил пропуст, алудирајќи на комисијата за мандатно-имунитетни прашања, нека го преиспитаат тој пропуст.
Дилемата дека Талат Џафери го спасил Трајко Вељаноски, никој не е спасен судската постапка не зависи од пратениците – рече Џафери.
Имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски според Талат не бил одземен зошто парламентарното мнозинство не успеало да обезбеди доволен број на пратеници пред да гласаат. Инаку за одземање на имунитетот треба 61 пратеник. И таа седница Џафери ја закажа, ја почна и ја прекина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.