Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет.
Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра состојба и утре тој че ја води седницата, информираат од кабинетот на Џафери.
Претходно денеска тој изјави дека се чувствува добро и дека веќе е извесно дека ќе претседава со конститутивната седница утре. Тој денеска ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули, а неколкуте последователни тестови на ковид биле негативни.
Собраниските служби,пак, информираа дека согласно мерките за заштита од коронавирусот конститутивната седница ќе се одржи во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.
На денот на одржување на Конститутивната седница ќе се мери температура на секој што ќе дојде во собраниската зграда, пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.
Бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, поради здравствените протоколи, а активностите ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.