Претседавачот со Собранието, Талат Џафери, за на пладне го закажа продолжението на Конститутивна седница, кога тој повотрно треба да биде избран за претседател на законодавниот дом.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнзисинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА.

Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

По изборот, претседателот на Парламентот во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.

Во текот на вчерашниот ден имаше разговори меѓу пратеничките групи, но дел од медиумите пишуваа дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ поради поделбата на ресорите.

Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, на оваа функција повторно ќе биде предложен досегашниот спикер Талат Џафери. Според информации од Собранието, пратениците вчера собирале потписи за предлогот Џафери да биде уште еден мандат претседател на Собранието.

Седницата за избор на Џафери ја најави лидерот на ДУИ Али Ахмети во средата, при објавувањето на министерските места на партиски состанок на највисокото раководство.

Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.