Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема услови за избори во овој момент и оти од правен аспект Собранието не е во можност да се собере но тука се и мерките за јавни собири.

Предусловите за одржување на изборите се невозможни и непотребни и свесни сме за новата состојба. Изборите не треба да се одржуваат. Од правен аспект, заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере. Во тој контекст, предлогот беше неопходно да се објави вонредна состојба, која ќе овозможи други институции соодветно да делуваат. Од владата ќе биде упатена предлог одлука, јас ја очекувам таа во секој момент да ја добијам. Истата предлог одлука врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кон претседателот на државата. Од формален аспект, Собранието не може да се собере поради мерките за забрана на собирање за поголеми групи во една просторија, истакна Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.