Претседателот на Собранието Талат Џафери, во интервју за емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, изјави дека кај пратениците имаlo голем интерес да се вакцинираат.
Џафери додаде дека очекува работата на Парламентот да се нормализира кон средината на мај.
Две третини од пратениците се вакцинирани до 16 часот. Немам информации уште колку се вакцинирале до 18 часот. Но, интересот за вакцинација кај пратениците е голем. Очекувам работата на Парламентот да се нормализира кон средината на мај. Да се вратиме во нормални услови за работа, во салата предвидена за пленарни седници каде има систем за електронско гласање – изјави Џафери.
Тој одби да ја коментира изјавата на пратеникот Павле Трајанов дека меѓу парламентарците постои разочарување што биле вакцинирани со „Спутник В“, а им било ветено дека ќе добијат вакцини од „Фајзер“.
Нема такво ветување. Важно е вакцините да се ефикасни. Не треба да се политизира имунизацијата – нагласи Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.