Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше средба со Претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во дводневна официјална посета на нашата земја.
Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата искажал особена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Полска за процесот на евроинтеграција на Република Македонија. Тој порачал дека Собрание, и покрај дневните предизвици, продолжува со исполнување на стратешките цели, меѓу кои е и развојот на добрососедската политика и домашната реформска агенда. Европската интеграција, продолжи Џафери, по членството во НАТО, останува клучен стратешки приоритет, како единствена алтернатива за иднината на земјата.
Претседателот Дуда, се вели во соопштението, истакнал дека Република Полска, отсекогаш ја поддржувала аспирацијата на Македонија за евроатланска интеграција и изразил благодарност за улогата на земјата во мигрантската криза, истакнувајќи дека полската гранична полиција ги имплементира искуствата што ги добила во нашата држава.
Двајцата соговорници се согласија за особеното значење што го има парламентарната дипломатија, имајќи предвид дека ги охрабрува владите да стапат во непосредна и конкретна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.