Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, попладнево во Собранието имаше средби со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од СДСМ за МИА потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.

Средбите на Заев со Џафери и Ахмети следуваат по денешното барање за гласање доверба на Владата поднесено со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за доверба на Владата во четврток во 11 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.