Во Уставниот суд денеска се одржа подготвителна седница по иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година.

Судијата Осман Кадриу на почетокот на седницата констатира дека во врска со Законот за јавно обвинителство, до Уставниот суд се поднесени три иницијативи, и тоа од Тодор Петров, Томе Тодоровски и Михајло Маневски.
Со иницијативите, како што рече судијата Кадриу, се тврди дека со донесениот Закон се повредени повеќе одредби од Уставот на Републиката.

На подготвителната седница, на покана на претседателот на Уставниот суд Сали Мурати присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој кажа дека при постапката за донесување на Законот и начинот на гласање во целост се почитувале одредбите од Деловникот на Собранието.

На прашање на судијката Елена Гошева, врз основа на која одредба од Деловникот се повторува гласањето, Џафери кажа дека тој го поништил гласањето поради тоа што на таа седница двајца пратеници реагирале оти на екранот не се прикажуваат нивните гласови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.