Нема услови за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието на Македонија. Вакво известување во Кривичниот суд денеска стигнало од Парламентот на Македонија. Судот бил известен дека нема одлука по барањето за определување на притвор за пратеникот Љупчо Димовски, и покрај тоа што минаа неколку недели од прекинатата седница.
Вељаноски е осомничен во новата истрага за „крвавиот четврток“, но не се определени мерки, бидејќи во моментов го штити пратеничкиот имунитет.
Собранието пред неколку дена требаше да гласа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, но претседателот Џафери ја прекина седницата, а тоа предизвика многу жестоки реакции и напади кон ДУИ и Талат Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.