Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во законодавниот дом го донел внукот Фрашер. Тој за ова се пофали на Фејсбук со порака дека децата се иднината.

Децата се иднината, огромна е одговорноста да се работи за подобра иднина на генерациите кои доаѓаат. Денес го имам Фрашер во прегратка, за кратко време ќе го ставам на раменици за да ги види и достигне висините кои му ги нуди светот, напиша Џафери на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.