Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека на 18 април добил решение дека може и пратеници со ковид-19 да дојдат на работа.

Решението е потпишано од доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието. Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, бидејќи тоа е уставна категорија. Токму затоа, пратеникот не може да биде попречен во своето работење, па дури и да е прогласена воена состојба, рече Џафери.

Тој истакна дека суспектните пратеници, доколку чувствуваат дека се во можност да дојдат во Собранието, тоа можат да го сторат само доколку им бидат обезбедени соодветни услови.

Тоа значи дека пратениците со ковид-19 можат да дојдат со свое или со службено возило, а во Собранието се движат по посебна патека без контакт со никого. Доаѓаат во посебна просторија која потоа ќе се дезинфицира, истакна Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.