Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека претседателот на Собранието Талат Џафери го одбил формирање на анкетна комисија која ќе треба да испита како и на што Специјалното јавно обвинителство ги трошело парите од буџетот. Меѓу другите забелешки кои Џафери ги наведува како пропусти во поднесената предлог- одлука е и тоа дека во неа не е наведено уставното има на државата, ниту пак името на претседателот на Собранието. Милошоски има рок од 15 дена да ги острани недостатоците и повторно да го испрати предлогот.
Од кабинетот на Џафери ја потврдуваат информацијата и велат дека писмото тоа Џафери го пратил до Милошоски ќе биде биде споделено со медиумите. Милошоски рече и дека се сомнева дека документот што го добил го потпишал Џафери.


Опозицијата бара ревидирање на финансиските извештаи на СЈО со попрецизни ставки за трошоци и да се утврдат евентуални злоупотреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.