Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци.

Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, пред почетокот на првата собраниска седницата на почетокот на август се пожали дека имал непријатно искуство со собраниските служби затоа што не му дозволиле да го внесе својот тротинет во собраниската зграда.

Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример и наместо Собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и Собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз, изјави тогаш Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.