Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, смета дека продолжувањето на вонредната состојба за нови 14 дена е доволна за партиите да го договорат датумот за изборите.

Тој им порача на политичките лидери ова време да го искористат за комуникација, директна или индиректна и да смогнат сила во интерес на граѓаните во вакви околности да може да се спроведе законит изборен процес.

Џафери посочи дека според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот, преку изборите. Сепак, како што кажа, изборниот циклус нема да биде како претходните, но граѓаните ќе мора да научат да живат со ваква состојба.

Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но, ние сите поединечно мора да научиме да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како резултат на одлуката на лидерите од октомври минатата година да се оди на предвремени избори, Собранието испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна“,
изјави Џафери по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.