„Консензуалниот“ кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ. Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонјио Милошоски на својот Фејсбук профил.
Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево. И некој го советувал “шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството”. И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но…
Најавата за “ЧИСТКА” на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите: Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравството Дамјан Манчевски, заради немањето ни “р” од најавените реформи во администрацијата, додава Милошоски во својот статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.