Во редовите на владејачката сѐ поизразено е раслојувањето и неединството во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври, предизвикани во прв ред од катастрофалните резултати кои изминатиот четиригодишен период ги покажаа воопшто функционерите на СДСМ, дознава „Нетпрес“
Како што беше првично најавено, се очекуваше во вторникот вечерта да бидат утврдени и познати дел од кандидатите за градоначалници на СДМС, како што соопшти минатата седмица премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.
Како што неофицијално дознава НетПрес од партиски извори на заседавањето на Извршниот одбор на СДСМ до доцна ноќта во вторникот на кој се дискутираше за имињата за градоначалници на општини за кои досега не беа обелоденети фаворитите на партијата, а се очекуваше токму по вечерашниот состанок да бидат објавени имињата на кандидатите за поголемите општини Битола, Прилеп, Куманово, како и за дел од скопските општини, како Аеродром, Карпош и Центар, имало жестоки караници околу кандидатурите за градоначалници на владејачката партија.
Според истите извори, теренските анкети покажале дека кај граѓаните има големо незадовоство од работата на градоначалниците на СДСМ, поради енормоното издавање маркици за градби во веќе задушените општини и неисполентите предизборни ветувања, поради сомнителните набавки и воопшто непокажувањето интерес за работа.
Особено големи проблеми СДСМ има со истакнувањето кандидати во скопските ппштини Аеродром, Карпош, Центар и Ѓорче Петров, а истото се однесувало и за општините Велес и Куманово, и прашање е дали и денеска, иако најавено, ќе бидат познати личностите кои партијата ќе ги истакне како свои фаворити во овие општини. Единствено, според нашите извори, од сите градоначалници на СДСМ позитивен резултат имал само градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Меѓутоа, и покрај тоа врвот на СДСМ во Центар го фаворизира Горан Герасимовск, претседател на партискиот општински одбор во Центар, па затоа се проценува дека Богдановиќ самоуверено може самостојно да се кандидира за градоначалничката позиција во оваа општина.
Во Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров сондажите од теренот биле катастрофално лоши, па затоа е веќе извесно дека СДСМ во овие општини ќе оди со нови кандидати, но и тука борбата за номинирањето е жестока. Некои сметаат дека дури владејачката парија во Карпош и Аеродром тешко ќе изнајде кандидат кој сериозно ќе конкурира и покрај целата логисти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.